За да се поттикне вакцинацијата за ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека ќе предложи до Владата да се дава посебна стимулација за матичните лекари.
Имено, матичните лекари треба да добијат награда кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти, односно да добијат по 30 денари за пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив.
– Свесен сум дека ова беа едни од најтешките предложени мерки бидејќи допираа во работните односи и затоа сега ќе разгледуваме слични мерки кои нема да загрозуваат нечие работно место, а ќе бидат стимулација за вакцинација и затоа интензивно истражувавме во изминативе 2-3 дена. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада – изјави претходно министерот Венко Филипче.
Вчера Комисијата за заразни болести донесе одлука да не се воведат нови рестрикции во Македонија поради појавата на новиот сој на коронавирусот, наречен омикрон.