Наградата се доделува на поединци, органи, организации и институции кои дале придонес за развојот и унапредувањето на Филозофскиот факултет, како и на организации со кои факултетот има остварено успешна и исклучителна соработка.

Наградата се доделува и на професори постхумно и пензионирани професори, основоположници на институтите на факултетот.

Поздравни обраќања на свеченоста ќе имаат деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, Ратко Дуев, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, Наталија Јовановиќ, декан на Филозофскиот факултет во Ниш и претседател на Заедницата на Филозофски и Филолошки факултети на Југоисточна Европа и проф. д-р. Јасмин Ахиќ, декан на Факултет за криминалистика, криминологија и сигурносни студии од Сараево, по што ќе бидат врачени наградите.

Поради пандемијата на коронавирусот планираната свеченост не се одржа минатата година, кога Филозофскиот факултет – Скопје прослави 100 години од своето основање.