Владата на Република Северна Македонија го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“, и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади, за воспоставување на овие два заеднички гранични премини, пренесува 4news.mk.
Определен е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во име на Владата на Република Северна Македонија да го потпише Договорот.
Целта на склучувањето на овој Договор е воспоставување заеднички гранични премини: „Јажице – Глобочица“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила, влез и излез на товарни моторни возила и „Блаце – Елез Хан“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила и стоки.