Владата на Република С. Македонија денеска одржа вонредна, 46-та седница, и донесе одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО.