Според информациите, од утре, наместо од 21 часот, полицискиот час ќе започнува од 23 часот, додека пак угостителските објекти ќе работат до 22:30 часот.
Ваквата одлука доаѓа откако вчера Кризниот штаб на состанок разгледа предлози пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предложи да се усвојат нови рестриктивни мерки.