Владата на Република Северна Македонија официјално ја пушти во употреба АДА, дигитален асистент во јавниот сектор. Од денес АДА стои на располагање на компаниите на кои ќе им овозможи добивање целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и за државната помош која се нуди за инвестициите.
Од стартап компанијата „Кодвел“ која е креатор на „АДА“ велат дека дигиталниот асистент е исто како да се има пристап до најдобриот работник на шалтер и може да ве услужи за се што е поврзано со дадената институција во рамки на негово знaење, а потенцијалот на АДА е огромен иако почетокот е скромен.
„АДА“ вусшност е дигитален асистен креиран со „кодвел АИ“ технологијата со која овозможуваме креирање на дигитални вработени кои се истренирани како експерти на затворен домен на знаење и кои се истренирани да автоматизираат масовна комуникација со крајните корисници. Ваквите дигитални асистенти се во можност да пружаат природна комуникација со крајните коирсници налик на онаа со реален човек“, рече Нино Карас од компанија „Кодвел“
Преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да се запознаат со достапните програми и отворени повици на институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време 24/7 на три јазици, македонски, албански и на англиски на интернет адресата: ada.gov.mk.
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во своето обраќање на денешното лансирање рече дека воведувањето на првиот дигитален асистент во давањето јавни услуги претставува надоградба на нашите практики за дигитализација во општеството.
“Република Северна Македонија се дигитализира. Нашата држава ги следи светските процеси и веќе е дел од бранот на нови, модерни, дигитални трендови, кои го зафаќаат секој аспект на нашето живеење и наједноставно може да се каже дека да, доаѓа АДА, што е првиот дигитален асистент некогаш направен во Владата на нашата држава. Процесот на дигитализација е незапирлив, секаде во светот, па така и во нашата држава. Како Влада, која е насочена кон осовременување и следење на светските трендови, во изминатиот период поддржавме, а и ќе продолжиме да поддржуваме поголем број на иновативни иницијативи “, изјави премиерот Ковачевски, во своето обраќање, на денешната презентација на првиот дигитален асистент во јавниот сектор-АДА.
„Го исклучуваме влијанието на човечкиот фактор, можноста за грешки и за коруптивни практики. Водени од оваа идеја, за поздравување е воведувањето на АДА-првиот дигитален асистент за јавни услуги во давањето јавни услуги, со што ги надоградуваме нашите практики за дигитализација во општеството“, рече премиерот Ковачевски.
За вицепремиерот Битиќи ова е еден од клучните проекти за граѓаните и бизнис секторот и е материјализирање на протребата за промена и премин кон дигитализацијата.
„„АДА“ за разлика од озборувањата дека јавниот сектор не е ефикасен ќе биде достапна 24/7. Ќе може да опслужува неограничен број на корисиници истовремено, без непотребно префрлување од иституција во институција и сите ќе добиваат исти информации што е клучно за да се отстрани просторот за манипулација со информациите“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.