Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе го добие мандатот за состав на нова влада. Точно на пладне, новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, и официјално ќе му го врачи мандатот за составување.
Со врачувањето на мандатот почнуваат да течат 20 дена за формирање Влада. Според најавите на партиските функционери се очекува веќе до 20-ти јуни да биде составена новата влада. Она што досега е познато е само распределбата на сектори меѓу новата владина коалиција.
Владината коалиција ќе биде убедлива, а ВМРО-ДПМНЕ со добриот резултат ќе обезбедат дури и двотретинско мнозинство.
На изборите кои се одржаа на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати, коалицијата „Вреди“ 14, а ЗНАМ имаше 6 мандати.
Од партијата децидни, велат дека новата Влада ќе биде формирана согласно со уставните рокови. Се шпекулира дека веќе се договараат вториот и третиот ешалон работи од договорите.