Владата денеска ќе ја одржи 44-та седница, на која ќе разгледува повеќе точки од програмата за работа и од интерес на граѓаните, соопшти владината Прес-служба.
На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде разгледана Информацијата за олеснување на критериумите за кредитната линија од средствата на Развојната банка за поддршка на претпријатијата од областа на земјоделството со цел зголемување на производството на земјоделските производи и нивните преработки.
На дневен ред на седницата е и Годишниот извештај за работа на Националниот координативен центар за гранично управување изготвен од Центарот.
Од владината Прес-служба информираат дека за донесените одлуки јавноста ќе биде информирана преку соопштение.