Владата денескa ќе ја одржи редовната 54-та седница која е закажана со почеток во 12:30 часот.

Според предложениот дневен ред, на предлог на Министерството за економија ќе се разгледува Предлог-законот за заштита на потрошувачите како и Информација за потребата од изготвување на закон за нефер трговски практики.

Меѓу другото, на денешната седница пред министрите ќе се најде и Предлог на закон за изменување на Законот за извршување на санкции, изготвен од Министерството за правда.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.