Партиите од владејачката коалиција во Словенија разговараат за нацрт даночната реформа на Брдо кај Крање.

Целта е да се намали данокот на плати, а недостигот на пари во буџетската каса да се надомести со зголемување на даночното оптоварување на имотот и капиталот. Откако коалиционите ќе се договорат за реформата, се очекува јавна расправа по ова прашање. Ова е трета средба на претставници, министри и високи владини претставници за реформи. Досега владејачката партија презентираше нацрт-реформи во здравството и системот на плати во јавниот сектор, пренесува Aljazeera.