20 милиони евра – 110 врработувања
Нова инвестиција вредна 20 милиони евра доаѓа во Македонија. Германската компанија „Епсотех“, која во партнерство со белгиската „Аим“ ќе произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија и ќе вработат 110 лица. Премиерот Мицкоски имаше средба со менаџментот на германско-белгискиот конзорциум.
Николоски најави нова странска инвестиција од 20 милиони евра и 110 нови работни места
Ќе заживее скопски Петровец
Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и ќе го заживее тој регион. Градоначалникот на општината Петровец, Борче Митевски, смета дека инвестицијата ќе го заживее регионот.
Градежните активности започнуваат следниот месец
Градежните активности ќе почнат кон крајот на август. Компанијата за својот тим ќе бара и висококвалификувани стручни кадри.