-Дигиталниот Толковен речник на македонскиот јазик, кој од денеска е достапен на платформата „makedonski.gov.mk“ која Владата ја промовираше по повод Денот на македонскиот јазик, содржи 100.000 зборови, но меѓу и „ЦИГАНЧЕ“, „ПОЦИГАНИ“, „ЦИГАНЧИ СЕ“, „ЦИГАНШТИЈА“ И „ЦИГАНШТИЛАК“! – реагира претседателот на Народната партија на Ромите – Геге Демировски.

Станува збор за зборовите циганче, поцигани, циганчи се, циганштилак и некои други чии толкувања имаа навреди кон ромската попуплација.

Покрај овие зборови, постојат и други навредливи зборови како педер, проститутка ороспија и курва, додека целиот свет ги заменува овие термини со сексуални работнички. Како пример, во речникот може да се забележат и зборовите педер и педерастија, кои се толкуваат како зборови кои означуваат односи помеѓу лица од ист пол, односно хомосексуалци.

-Овој нов или дигитализиран речник ја повторува истата грешка на веќе постоечките речници кои треба да се предмет на реформирање. Бараме овие зборови да бидат тргнати од дигиталниот речник, реагираа вчера од здружението Аваја.

Циганчи се – појаснува скржавост од предрасуди како особина на Циган. Се циганчи за еден грош.

Циганштилак – скржавост, ситничавост. Му пречеше неговиот циганштилак, стои во речникот.