Многу е чудно, велат, како во време на пандемија и на економска криза, која секој ден брои десетина жртви, владата му дава приоритет на еден ваков проект, но уште поскандалозно е фактот дека ќе се избира една компанија која потоа ќе донесе одлука кои портали ќе добиваат од овие финансиски средства со досега непознати критериуми. По се изгледа, додаваат, тој список ќе го изготви владата со нивните омилени портали.
– Во време кога само 3% од населението е вакцинирано, нема како да се коментира поинаку овој чекор на владата, освен како обид за зголемување на притисокот врз медиумите, како обид за корумпирање на истите или како обид да се поткупуваат и да се отплатат “нивните’’ медиуми во пресрет на локалните избори. Тргнувајќи од ова, апелираме до Владата да им одговори на барањата на туристичките работници и паричните средства да им ги префрли на нив како помош, а потоа самите тие да се грижат за рекламирање на домашниот туризам, посочуваат од Алтернатива и Алијанса за Албанците.