Премиерот Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници. За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини. Очекуваме овој демант да го објават сите медиуми кои ги објавија лажните вести изнесени од страна на Таравари на телевизија „Сител“.
Владата со реакција по изјавата на Таравари за купување пратеници
В
Портпарол на Владата на Република Македонијa испрати демант по повод веста објавена на нашиот портал. Демантот ви го пренесуваме во продолжение интегрално: