„Нашето Свети Николе со последните сили копнее по надеж за посветла иднина. А јас, Дејан Владев, како кандидат за градоначалник, имам идеја и, што е најважно, волја и храброст тоа да го остварам! Мојата одговорност – знам дека е голема, но верувам во тоа дека КОГА СЕ САКА – СЕ’ СЕ МОЖЕ: Искреноста е посветеноста секогаш вродуваат со цврст резултат“, истакна кандидатот на општина Свети Николе, Дејан Владев на митингот.

Владев додаде дека општината, несомнено, МОРА да напредува! Вечерва, во воздухот се чувствува ЕНЕРГИЈАТА која ВЕТУВА изобилство на позитивни промени, промени што ќе ги почувствува во иднина СЕКОЈ ОД ВАС!

„Ајде заеднички да се спротивставиме на тмурниот облак што надвиснал над нашиот град! Вашата поддршка и доверба дополнително ме мотивира. Слушајќи го гласот на народот, СЕ ОБВРЗУВАМ дека ќе бидам достапен за СИТЕ идеи, предлози и забелешки. Транспарентно ќе ги донесувам СИТЕ проектни решенија и ќе го почитувам мислењето на мнозинството. Свети Николе ќе биде пример за градење на нови локални политики, каде главниот збор ќе биде ПОТРЕБАТА на граѓанинот, наспроти личните и бизнис-интереси“, рече Владев.

Владев посочи дека е доста од лажни надежи, проекти на хартија, убави украдени слики и константни лажни ветувања. Доста е од волшебни приказни кои никогаш не го дочекуваат својот среќен крај!

„Нема спортски сали, нема забавни катчиња за децата, нема чиста околина, нема улици,канализации,базен,пензионерски дом,куќа на спортови и дали треба уште да набројувам? Свети Николе НЕМА НИШТО“, нагласи Владев.

Владев вети чесна, транспарентна и континуирана работа.

„Но, затоа, тука сме ние. И ние ЈАВНО ветуваме реализација на следните проекти:

Целосно оспособување на пречистителната станица за отпадни води која реално ќе функционира, а не само на слика.
Уредување на речното корито во централното градско подрачје, како функционално – така и естетски: со пешачка патека,осветлување и зеленило.
Оплеменување на просторот во новиот парк со амфитеатар, памп-трак со мини фитнес-катче, скејт-рампи и детско игралиште. Ова да претставува место за дружба, рекреација и забава на младите, кои немаат каде да се дружат.
Зголемување на паркинг местата во централното градско подрачје со асфалтирање и обележување на паркинг места на потег „спортска сала -покрај реката и детската градинка“.
Канализација,асфалтирање на улиците во градот,новите населби и во руралните средини.
Уредување на фасадите на куќите во старата градска чаршија, нејзино осветлување и враќање на стариот градски изглед
Детски игралишта во дворот на градинките и обновување на старите запоставени игралишта – местата клучни за дружба на најмалите.
Подобрување и осовременување на условите за работа во образовните и воспитни установи, како и изградба на спортски сали во Средното Општинско Училиште„Кочо Рацин“, Основното Училиште „Даме Груев“ во Ерџелија- за развивање на спортскиот дух кај младите, а со тоа и можност за здрав начин на живеење.
Формирање и поддршка на младинскиот културен центар и можност за реализација на идеите на секој млад човек. Секој млад кој поседува квалитети ќе ме има мене и мојот тим за сојузник.
Етапна промена на азбестните цевки за водоводна мрежа.
Подобрување на условите за развој на туризмот преку уредување на Мавровица, Била Зора и други места кои можат да придонесат за развој на туризмот, заедно со нивна добра промоција.
Подобрување на условите за живот во сите рурални места (Горобинци, Кадрифаково, Ерџелија, Мустафино, Црнилиште, Амзабегово, Пеширово, Ѓуѓанци, Стањевци, Преод, Сопот, Кнежје и други), слушање и решавање на нивните проблеми и барања во однос на канализации,улици,вода,игралишта“, вети Владев.

Владев повика на 17-ти октомври граѓаните да излезат и да ја победат неспособноста, апатијата во која ги донесе СДСМ.