Во соопштението од Владата напишаа дека „Република Северна Македонија“ денеска го чествува „23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“, во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност.