Власта предводена од СДС и ДУИ на почетокот на 2024 година продолжи да реди скандали. На дневна основа продуцираат по неколку скандали. Вака власта на СДС и ДУИ ги исполнува европски стандарди, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Можеби најголемиот скандал од кој можеше да има смртни последици е упадот во Македонска навигација, клучен објект. Додека контролорите на летање беа на своите работни места и го контролираа и управуваа воздушниот сообраќај, група на тепачи предводени од функционерот Беким Незири ги нападна. За директорот на М-НАВ тоа било кошкање меѓу вработени кои се знаат дваесеттина години. За судот нема докази за да се одреди мерка притвор. На 5 јануари го пуштија да избега Исмет Гури. Полициските службеници не го најдоа Гури, поранешен заменик директор на УЈП и функционер на ДУИ во својот дом каде беше во куќен притвор. Гури е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави минатата година“, велат од партијата.
Од таму додаваат дека на стартот на годината власта предводена од СДС и ДУИ им упати честитка на граѓаните, ја покачија цената на струјата. Или според пресметките граѓаните ќе плаќаат поскапи сметки и за околу 400 денари.
„Се раскина договорот за изградба на Чебрен. Причина за ова е што Владата на СДС и ДУИ неколку пати ја менуваше одлуката за изградба на хидроцентралата. За ова ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше повеќе пати, но за Владата тоа беше ширење лаги. За неколку дена на почеток на годинава беа распишани неколку огласи за вработувања во државни институции или станува збор за речиси 150 вработувања. Власта предводена од СДС и ДУИ на само неколку денови до избор на нова техничка влада ги вдомува своите партиски војници. Владата на СДС и ДУИ продолжи со лагите, се фали со покачена минимална плата, а молчи за намалениот животен стандард на граѓаните. Али Ахмети во Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби го славеше својот роденден, се пееше и свиреше. Секој ден граѓаните сведочат на лагите и манипулациите, како скандали на Владата предводена од СДС и ДУИ. Во Македонија никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме“, стои во нивното соопштение до јавноста.