– Власта започнува физички да се пресметува помеѓу себе, што значи дека го губат тлото, се зголемува нервозата и знаат дека ќе загубат. Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат дека крив е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси делат тупаници среде Скопје како Бислимоски и синот на Џафери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека Марко Бислимоски е поранешниот член на партиската комисија за енергетика во СДСМ. Муса Џафери, чиј што син дели тупаници низ Скопје е функционер во ДУИ.

– Ваквото делење тупаници среде главниот град е срам за државата. Обвинителство да ги повика да кажат што делат, што множат двајцата од власта. Да се истражи не само тепачката туку и мотивите за тепачката. Ова е брука за институциите, велат ВМРО-ДПМНЕ.