Премиерот Заев имаше заедничка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, со премиерот на Република Словенија Јанез Јанша и со претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

На средбата беше потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, беше поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот.

Премиерот Заев на средбата потенцираше дека народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела, и дека ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка