Владимир Ѓорчев преку официјалниот профил на Инстаграм ја информираше јавноста дека заминува во приватниот сектор.
Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите.
Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки.
Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму, напиша Ѓорчев на социјалната мрежа Инстаграм.