Полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А. (44) од Прилеп, по пријава дека во утринските часови со употреба на сила одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Според информациите од полицијата, пријавата била примена околу 09:00 часот, по што веднаш биле преземени мерки за расчистување на случајот. Осомничениот бил пронајден и приведен околу 12:30 часот.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
