Како што е пропишано од Владата, влегувањето во Словенија од сега ќе биде можно со негативен брз тест, под услов да не поминале повеќе од 48 часа од земањето на примерокот до пристигнувањето на границата.

Хотелите ќе можат да пополнат три четвртини од капацитетот за сместување доколку гостите се вакцинирани, ако прележале Ковид- 19 или имаат негативен тест. Истите правила важат и за базените, кои исто така се отвораат.

Словенија сè уште не издава дигитални сертификати за ковид статус, така што Словенците кои патуваат во странство, ќе можат да користат потврди што ги добиваат во здравствените домови по вакцинацијата. Така ќе можат да патуваат само во Хрватска и Австрија со кои Словенија има билатерални договори, додека за другите земји ќе им треба лекарско уверение на два јазика што се збруваат во ЕУ.