Партијата тврди дека доверба во судството има само 2% поради клиентелизмот и заштитата што Коцевски ѝ ја дава на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека меѓусебната заштита меѓу јавниот обвинител Љубомир Коцевски и политичките партии СДС и ДУИ е главната причина зошто доверба во судството изнесува само 2%.

Партијата посочува дека токму оваа заштита е и одговор зошто нема ниту една истрага за криминал на функционерите од СДС и ДУИ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии, бидејќи тие обезбедуваат закрила за нивните функционери. И тоа придонесува за ниска доверба во судството.

Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.

Во соопштението се истакнува дека поддршката што Коцевски ја доби од Филипче претставува меѓусебна заштита што ја гуши правдата во државата.

Партијата наведува дека доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче. Но и за останатите функционери од СДС и ДУИ.

Со негласањето на интерпелацијата, СДС, според ВМРО-ДПМНЕ, целосно се разголи. А јавноста ја виде спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски. Тоа придонесува за ниска доверба во судството.

Очигледно е, додаваат, дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски. Кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висока корупција. Како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.

Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ покажаа кој го поставил  Коцевски на функцијата јавен обвинител.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека сè додека Коцевски е на позицијата, доверба во судството ќе остане помала од 2%. А одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.

Партијата додава дека доколку постои барем грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.

На Македонија ѝ се неопходни темелни реформи во судството. Како и правосудство растеретено од политички влијанија. Каде судиите и обвинителите ќе носат одлуки врз основа на закони и Устав. А не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека во Македонија е неопходно правдата да завладее преку коренити реформи и трансформација на судскиот систем.