Состојбата со енергетиката во Македонија е катастрофа поради криминалот на власта. Домашното производство на струја во време на антимакедонската СДС е намалено за 3 терават часови, а неопходните количини граѓаните и стопанството скапо го плаќаат од увоз, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека македонските фирми сега плаќаат и до 800 евра за мегават-час, што е поскапо од сите компании во регионот, а енергетски капацитети во моќност од 400 до 500 мегавати стојат неискористени.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека доколку власта домаќински и одговорно работеше ќе се спречело покачувањето на цената на струјата во јули и немало да дојде до најавеното ново покачување во декември.
-Но власта предводена од антимакедонската СДС реши да го полни џебот на трговците со струја и да прави милионски штети на буџетот. Заради ваквото работење државните енергетски компании станаа загубари, а поради високите цени граѓаните и стопанството се донесоа до питачки стап. За ваквата кражба која ја спроведува власта мора да има одговорност, стои во партиското соопштение.