Антимакедонската влада на Ковачевски троши 100.000 евра на ден за Саем за да го нема зборот Македонија и македонски. 100.000 евра на ден ги чини граѓаните Саемот на Ковачевски со кој се плаќа осмислување на промоција, а притоа со наредба да нема национално лого, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат од партијата, за 100.000 евра на ден задача да ја брише Македонија и македонски од производите има агенцијата Рејтинг, омилена агенција на антимакедонската СДС.
-Дали покрај за бришење на Македонија и македонски, Рејтинг добива стотици илјади евра и за анкетите кои ги нарачува СДС, а кои имаат за цел да го поддржат Ковачевски пред и оние малку подржувачи кои му останаа? И додека регионот и светот не знае како ќе се преживее зимата, антимакедонската СДС се расфрла стотици илјади евра. Тоа е доволен показател за забеганоста на власта. И уште една во низата причини зошто треба да си замине, се наведува во партиското соопштение.