ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш бара од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која што заедно ќе се разгледаат и едногласно ќе ги изгласаат законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите.

– Во овој момент, на оваа прес конференција позади мене се присутни сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и одважи да ја закаже седницата, посочи Мицевски.

Тој апелираше да престанат политичките игри, пазарења и тактизирања врз грбот на граѓаните и стопанството и веднаш, уште денес да се закаже итна пленарна седница на која што ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет на мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството.

– Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеме присутни во Собранието. Сега на потег е власта, заврши Мицевски.