Затоа и новиот визуелен идентитет кој ги содржи боите синоним за борба, идеали, трнлив пат, но и успех.

Црвената е за сите оние кои сакаат добробит на Македонија.

Црната е за оние кои жалат за Гоцевите идеали и националните порази кои ги донесе власта на Заев

Жолтата е за оние кои енергично се борат за демократијата и човековите права.

Белата е оние кои веруваат во победа, слобода и подобра иднина.

Сивата е за сите оние кои беа понижени и обесхрабрени од хибридниот режим на Заев, но кои никогаш не потклекнаа.

Аловата е за младите кои имаат потенцијал да го градат просперитетот на Македонија.

Бордото е за оние кои ја бараат правдата за себе и за Македонија.

Портокаловата е за оние кои знаат и сакаат да работат и кои се носители на економскиот живот.

Сите овие бои значат Македонија. Сите овие бои ги обединуваат сите оние кои и покрај разликите ќе се обединат за Македонија Затоа боите прават знак за успех, бидејќи Македонија е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!, се вели во сопштението на ВМРО-ДПМНЕ.