ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференцијата ќе изнесе нови имиња од аферата „Мафија“.

На прес-конференцијата, информираат од партијата, ќе се обрати потпретседателот Владо Мисајловски.

Во претходните денови, ВМРО-ДПМНЕ први објавија информации за познати криминалци кои се шетаат низ целиот свет со македонски пасоши издадени токму од нашето министерството. Тие открија дека МВР им издало пасоши на повеќе криминалци, како и на Стеван Ѓукиќ кој е осмоничен за обид за убиство на еден од водачите на т.н Кавачки клан, како и на шефот на нарко клан од Албанија, Флоријан Мусаи.