Трагично е колку владата администрирана од Ковачевски си поигрува со достоинството и интелигенцијата на пензионерите. Тоа што го укина владата на СДСМ пред три и пол години и го преставуваше како голема реформи, сега го враќа пак ама демек бил швајцарски модел, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, лажговците од владата на Ковачевски треба да признаат дека не ги зголемува пензиите, туку само го враќа моделот на пресметка за покачување на пензиите кој го укинаа Заев и Царовска, а беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година. Во 2018 СДСМ/ДУИ го укинаа растот на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеа на пензионерите од пензиите. Ова е уште една потврда дека власта краде и лаже.

Второ, додека СДСМ и Ковачевски се фалат со зголемување на пензиите за 1000 денари во Србија пензиите пораснаа за 170 евра, а во Словенија за 150 евра.

Трето, без срам Ковачевски се фали со раст на пензии, а инфлацијата и поскапувањата на основните животни продукти е двојно, па и тројно поголема од процентот на покачување. Млекото е поскапо за 22%, брашното за 38%, зејтинот за 46%, струјата за над 30%, а горивата за над 70%. Поскапувањето го изеде покачувањето уште сега, а дури го добијат пензионерите ќе биде и пострашно.

Четврто, власта на Ковачевски одби конкретен предлог од ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, што ќе беше задоволителна мерка со оглед на падот на стандардот на пензионерите во изминатите 5 години.

Власта на СДСМ им украде десетици илјади денари на пензионерите до сега и не може да се прикажува како голем душегрижник со 1000 денари покачување. Напротив треба да се срамат и да се извинат на граѓаните, а казната за нивниот лоповлук ќе ги стаса многу скоро, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.