Раст на трговијата и индустријата: „Состојбата е стабилизирана, економскиот пад е запрен“
ВМРО-ДПМНЕ денеска испрати партиско соопштение во кое наведува дека економијата конечно покажува знаци на стабилизација, по, како што велат, „пустошот и хаосот кој го остави СДС по 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и целосно отсуство на мерки и проекти“.
Од партијата велат дека со доаѓањето на новата влада, македонското стопанство излегува од „голем минус“. Показателите за првиот месец од вториот квартал укажуваат на стабилизација „во рамките на нула“. Според соопштението, трговијата во индустријата бележи раст од 6%, преработувачката индустрија од 6,6%, а особено силен раст се бележи на меѓународниот пазар – околу 7,5 до 7,6 проценти.
Владата работи со „домаќински буџет“: платите растат, довербата кај инвеститорите се зголемува
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека буџетските приходи се стабилизирани, што било еден од првите приоритети на новата влада.
„За краток период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги стабилизира буџетските приходи и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите“, наведуваат од партијата.
Дополнително, се истакнува дека Владата работи со „домаќински скроен буџет“, а како резултат на тоа, платите во клучни сектори како здравството, образованието и полицијата се зголемени. Од партијата потенцираат дека се спроведуваат конкретни мерки и проекти насочени кон намалување на невработеноста и обезбедување подобар и поквалитетен живот за граѓаните.