Последните неколку години СДС водеше кампања дека Груевски управува со ВМРО-ДПМНЕ, за сега нивната кампања да доживее целосно фијаско и тие самите да прават сценарија, преговори и договори и планови споменувајќи го токму имети на Груевски. Колку ли понижувачки и жално им изгледаат сега на членовите на СДС билбордите кои ги објавуваа пред неколку години. Нивната сопствена партија ги искористи и излажа, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста доживеа да види како пропагандистите на СДС токму ви неговото име гледаат спасител на СДС.

Разочарувачки е што некој воопшто влегувал во вакви дилови и математики спротивно на волјата на огромно мнозинство на граѓаните. Но како велат очајните потези се повлекуваат од луѓе кои немаат многу избор, па оттука јасно ни е зошто СДС се одлучиле на ваква операција.

СДС знаат дека хи чека жесток пораз. Самите се посипаа со пепел и сега им преостанува само да расфрлаат пердуви со своите партнери и да го очекуваат изборниот пораз и катастрофа кој им следи“ – посочуваат од партијата.