Владата на Ковачевски за три години двапати набавува софтвери за 40 милиони евра, институциите молчат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата пред три години додека Рашковски е генерален секретар на владата набавила софтвери за 15 милиони евра, тоа е една од набавките заради која падна Рашковски, за сега владата на Ковачевски исто така са набави софтвери од истата фирма, но за 25 милиони евра. Дали фирмата која набавува софтвер за владата е избрана затоа што во истата доминантна улога има колега на Ковачевски? – наведуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува: „ДКСК и институциите да истражат како е избрана фирмата и како се постигнати цените“.