Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавите од СДСМ поврзани со европратеникот Вајц, оценувајќи дека се шират неточни информации и дека станува збор за погрешно толкување на неговите ставови за европскиот пат на земјата.

Следи целото соопштение:

„Венко Филипче вечерва доби шлаканица и тоа директно од европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Еве сега и ќе му објасниме на Филипче зошто се занимава со глупости.

Прво, Вајц вечерва јасно кажа интервјуто е старо и оти дадено е пред седум недели.

Второ, Вајц јасно се осврнува на напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, односно на реализирање на европската агенда.

Му даваме совет на Филипче ако сака да оди напред нека гледа напред, исто така ако сака да оди напред треба да ги следи навреме работите и да не шири лажни вести.“