Оттаму велат дека Филипче преку ден глуми загриженост и апелира на почитување на мерките, а навечер оди по партиски митинзи и не ги почитува сопствените мерки

– Во прилог испраќаме фотографии од Венко Филипче од митинг на СДСМ, каде ниту тој ниту луѓето околу него не носат маска, ниту држат дистанца како што самиот тој преку ден како министер бара.

Филипче нека им каже на граѓаните, кога да го слушаат на сабајле кога вели дека на митинзи треба да се оди со маска, или навечер кога и самиот не носи маска и не држи дистанца?

Филипче ги крши мерките кои сам ги пропишува од почетокот на пандемијата. Додека сите беа затворени тој возеше мотор со Заев, тоа е таа ароганција на СДСМ со што го потценуваат народот, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.