Наместо да ја стави на најсилно ангажираноста за зголемување на бројот на вакцинирани, Венко Филипче се фрли во кампања да ги претставува малите зоранчиња. Во секој клучен момент од КОВИД пандемијата Филипче е секаде, само не онаму кај што треба, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во однос на тоа што министерот за здравство присуствува и на политичките митинзи на СДСМ на различни места поддржувајќи ги кандидатите од тие редови.
Сега кога се вакцинирани околу 40 проценти од населението, Филипче наместо да работи на зголемување на вакцинацијата, Филипче трча, се слика по маратони, тера маркетинг, потоа се префрлува на терен, но не на оној од каде што зема плата од народни пари, туку на политичкиот, зорановиот, ја трча кампањата за локалните избори.
На 17 октомври ќе почне падот на политичарите од типот на Заев и Филипче. По 17 октомври ќе започне нова иднина со проекти, додаваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.