Е сега вели му фалеле уште некои дози меѓу кои и оние од Бугарија и од Грција, и уште неколку што треба да се достават, па до крај на јуни ќе се сменела сликата. Сликата пак ќе се сменела до крај на јуни или ќе биле вакцинирани сите пријавени, а потоа граѓаните ќе оделе сами во пунктови и ќе се вакцинирале.

Од каде сега ова одеднаш? Што зборува Филипче?

Тој направи целосен хаос во вакцинацијата, вакцинираше пријатели, млади вработени во администрација, ама ги заборави односно доцна му текна на трансплантираните, оние со ретки болести.

Така многу е јасно, Филипче знае само да креира хаос во здравствениот систем, ама многу е вешт со провизиите.

Сега заедно со Заев планираат во џеб да стават 400 милиони евра од новиот клинички.

4 години власт на Заев.

4 години украден живот.

Доста е!