Од партијата потсетуваат дека оваа компанија отпочнала стечјана постапка, а соопственикот Чифлигаровски според информациите од јавноста, велат од партијата, е во бегство во САД.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека власта не го демантирала ова, што дополнително фрла сомнеж, како што велат, за сите криминални бизниси со кои се поврзувани Чифлигаровски и Вице.

– Имено според пријавата која постои до МВР, а која потоа беше мистериозно фалсификувана, токму фирмата ‘СВ Инвест‘ и Вице се посочувани во изнудата на 250 илјади евра во случајот ‘Рекет во РЕК‘. Уште посомнително после пријавувањето на случајот компанијата ‘СВ Инвест‘ почнува стечајна постапка иако со години наназад добиваше милионски тендери од власта на Заев, стои во утринско сооптешние на партијата.

Оттаму прашуваат дали Чифлигароски освен бизнис потпора имал и директна закрила во матните зделки и криминогените активност од семејството Заеви? Дали Чифлигароски бил само параванот зад кој се крие Вице Заев? Дали Чифлигароски намерно бил толериран од страна на државата иако немал платено над 2,5 милиони евра даноци, само затоа што е близок со Заеви? Дали Чифлигароски бил навреме информиран за пријавата и откриените матни зделки и затоа е надвор од државата? Овие прашања, велат од ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат одговорени, прво пред јавноста, а потоа и пред обвинителството.

-Клопчето полека се отплеткува и наскоро ќе се дознае за улогата на поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, Вице, Чифлигароски, хотелот „Вила Парк“ во Струмица и низа други лица, случаи и локации поврзувани со случајот „Рекет во РЕК“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.