ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и мизогинијата на директорот на Шилегов, Галетановски. Истовремено ќе ги известиме сите претставници на меѓународната заедница.

– Мизогинијата на Галетановски е недозволива за демократско општество во 21 век и е одраз на стравот од пораз на Шилегов. Паниката и нервозата на Галетановски е одлика на Шилегов кој знае дека губи. Четири години Шилегов нема ништо направено за Скопје. Нема капитални проекти, ништо од ветеното не е реализирано. Шилегов и Галетановски се неработници. Шилегов и Галетановски паѓаат на избори, велат од партијата.