За неговата противкандидатка, немаше убави зборови, туку обвинувања.

„Ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ толку многу ги потценува скопјани. Очигледно се свесни дека со дивеењето кое го имаа со некомпетентното раководење во градот, притоа се свесни дека не можат со свој кандидат да излезат пред скопјани, па сега играат со независен кандидат. Јас не знам зошто кандидатот се срами да каже дека е од ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на таквите независни кандидати сериозно може да го девастира процесот на граѓанскиот активизам. Потребна е голема активност на граѓаните преку невладиниот сектор“, рече Шилегов.