Антидржавната СДСМ и предавникот Ковачевски, вчера спротивно на волјата на над 75% граѓани на Македонија кукавички го усвоија предлогот за асимилација на македонскиот народ, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-37-мината македонски предавници од СДСМ и коалицијата погазија врз македонската историја и македонскиот идентитет Граѓаните на Република Македонија треба со име и презиме да ги знаат сите предавници кои ја разнебитија македонската култура и македонскиот јазик. Со предлогот, кои Владата на антидржавната СДСМ го усвои, ќе се изврши бугаризација на македонскиот народ. Овој предавнички чин кои го направија од антидржавната СДСМ на чело со пиунот Димитар Ковачевски, нема да помини не казнето. Од што се уплашени предавниците од власта, за да полицијата на „претседателот на државата за криминал“ Оливер Спасовски ги обезбедува 24/7, доколку се убедени дека за тоа што вчера гласаа е исправна одлука и имаат поддршка од граѓаните? Но, граѓаните треба да знаат и да останат спокојни, бидејќи информацијата која вчера ја изгласаа овие предавници нема никакво значење. Преговарачката рамка е условена со отворање на Уставот на Република Македонија, а за тоа во Собранието се потребни 2/3 мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ ќе залага и за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
За сите понижувања на државата и македонскиот народ за многу скоро ќе има одговорност за секој еден предавник. Стоп за предавствата, долу влада! Додаваат од таму.