Од партијата посочуваат дека народот на Македонија победи, ја победи неработата, безидејноста и неспособноста на СДСМ.

-Победија мажите и жените, младите и старите. Победи Македонија. Победи желбата за подобро утре. Се роди нова надеж, надеж за промени, за нова иднина. Народот масовно гласаше против поделбите. Народот избра заедничка иднина. Победа е првиот голем чекор до просперитетна Македонија. Ова е победа на народот и ние нема да го изневериме народот. Уште од првиот ден како градоначалници и советници луѓето од ВМРО-ДПМНЕ изберени на тие функции целосно ќе се посветат на решавање на проблемите на луѓето, се наведува во соопштението на партијата.

Но финалната победа доаѓа по вториот круг. За да се заокружи процесот. Излезете и гласајте масовно за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Промените веќе никој не може да ги запре.