Четврти ден ниту трага, ниту глас од ЈО, ниту ДКСК за доделениот грант од 620.000 евра со помош на владата на Ковачевски за сопругите на директорот на Агенција за разузнавање Еролд Муслиу и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Четврти ден ЈО и ДКСК остануваат при очи слепи, а при уши глуви и не отвораат истрага да истражат дали Муслиу и Битиќи извршиле трговија на влијание, односно ја злоупотребиле функцијата се со цел нивните сопруги да добијат грант од 620.000 евра.
Со склучување на меморандум помеѓу конзорциум на невладини организации и националниот координатор за борба со тероризмот, сопругите на Муслиу и Битиќи добиле грант од 620.000 евра на тема поврзана со тероризмот, чија работата е во домен на директорот за разузнавање, Муслиу.