Ако се земе предвид првиот документ објавен во медиумите, тоа е 60% од сумата од над 12.500.000 долари, со што доаѓаме до сума од 62.5 долари по вакцина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа се над триесетина долари повеќе по доза вакцина споредено со цените што земале земјите во регионот, како што објавија медиумите. Филипче уште должи одговори. Како фантом фирмата со само 1000 долари основачки капитал го убедила дека може да ги набави вакцините па и исплатил 7.800.000 долари како аванс? Кои биле гаранциите кои им ги дала истата и дали некој размислил што се можело да се случи, прашуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека државата е водена како фирма без одговорност и додека сите министри низ светот бркале вакцини, Филипче и Заев бркале провизии.