Сега пак пред избори ги рециклираат истите работи кои годините наназад не ги направија. Затоа студентите ниту сега не веруваат дека СДСМ имаат капацитет да го реализираат.
Патем да беа заинтересирани за студентскиот стандард Каевски и СДСМ имаа четири години да го направат тоа кое што ветуваа.
Каде е студентскиот град во Скопје, Штип, Тетово и Битола?
Зошто нема зголемен опфат на стипендии? Зошто е укинат бесплатниот воз за студентите?
Овие четири години власт на Заев, се четири украдени години за студентите во кои ги верглаат истите ветувања и лаги. Доста е!