Наместо да праќаат обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, и неговиот претпоставен Венко Филипче треба да научат кои се надлежностите на локалната, а кои на централната власт предводена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, порача партијата.
ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле не ја кочиме ние, туку Општина Струмица
Според потпишаната Спогодба, Општина Струмица е задолжена да обезбеди пристап до сите постоечки објекти на оваа делница, но од Општината имаат обезбедено пристап само до дел од објектите.
За решавање на проблемот биле одржани повеќе состаноци, за кои постојат и докази, а на кои лично присуствувал и Костадин Костадинов.
СДСМ и Костадинов да се информираат пред да обвинуваат
Јавното претпријатие за државни патишта при реконструкцијата на делницата Струмица-Дабиле постапува во согласност со Законот за градење и останатите правни регулативи.
„Проектната документација е целосно усогласена, ревидирана од овластена институција – Градежниот факултет, и е одобрена од страна на Општина Струмица“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пречките се решени, но Општина Струмица одбива соработка
Имотно-правните проблеми, кои беа наследени, се решени пред десетина дена, со што се создадени сите услови за почеток на градежните активности.
По ова, тим на Јавното претпријатие веднаш беше на терен и испрати покана до Општина Струмица, но општинските власти не се одзваа на повикот.
СДСМ и Костадинов да почнат да работат, наместо да измислуваат приказни
ВМРО-ДПМНЕ упати јасна порака:
„СДСМ и Костадинов нека си ја завршат својата работа, наместо да создаваат конструкции и да се обидуваат да ја префрлат вината врз некого што не е одговорен.“
Владимир Ристов, Советник во Советот на општина Струмица
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ