Ковачевски целосно потчинет на ДУИ не смее ни збор да каже за криминалот и непочитување на државата, Уставот, но и на Рамковниот договор од страна на Бујар Османи, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека Османи се однесува недржавнички кон Македонија на средба со неговиот колега на Шпанија и ја понижува државата на меѓународна сцена, Ковачевски само посматра. Не смее ни да се дрзне да го осуди, камо ли да го санкционира, затоа што ако го стори тоа следниот ден ќе му падне владата, а така нема да може да се одржи ден повеќе на власт и да го краде народот. А додека Ковачевски се однесува како се, само не премиер, Бујар Османи не почитува правна држава и на официјална средба со министер од друга држава си зеде за право да говори на албански јазик иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик.
Ковачевски молчи, а ДУИ и Османи се вадат на картата дека се предизвикува етничка нетрпеливост секогаш кога некој ќе побара одговорност за сторениот криминал, кршење на Уставот, законите или понижувањето на државата.
Османи е министер на Македонија и плата зема од Македонија и нејзините граѓани, затоа најмалку што може да направи е да се извини и да си поднесе оставка.
Ковачевски пак кој си го гледа својот интерес и молчи на сето ова, покажува дека не може ни да ја води владата, а ни државата. Само избори се спасот од оваа криминална и недржавничка влада“, посочуваат од партијата.