Власта треба да одговори од чии пари е плаќана струјата за битмајнерите во ГТЦ? Дали во ГТЦ имало околу 200 битмајнери и дали дневната потрошувачка на струја била и до 10 мегавати? Дали дневно само заради задоволување на потребите на струја за овие битмајнери е трошена струја во вредност и над 40.000 денари, односно 1.200.000 денари месечно? Дали последната година за струја за битмајнерите во ГТЦ е платено над 240.000 евра и кој ги платил тие пари?

Дали овие пари ги платиле сите дуќанџии во ГТЦ, со поголеми сметки и кој ќе ги обештети, ако е така?

Доколку е трошена претпоставената количина на струја, тогаш доаѓаме до сума од 1 милион евра струја која ја платил некој друг додека функционерите од власта копале биткоини.

Ова е методот на Заев, троши струја, заработувај, а народот ќе плаќа, тоа го правел неговиот татко во Струмица кој е правосилно осуден за кражба на струја, тоа го прави тој во Скопје.

Со Заевци нема иднина. Со Заевци има само кражби, криминал и сиромаштија за народот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.