ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Левица повторно ја избрала блокадата наместо поддршката за проекти важни за Скопје, откако денес во Советот на Град Скопје не гласаше за новиот ребаланс на буџет. Според реакцијата, со тоа биле сопрени целиот пакет инвестиции во нови паркови, булевари, улици, кружни текови и мерки за почист воздух, за кои биле обезбедени средства, но не добиле поддршка од Левица.

Следи целото соопштение:

Кога инаетот и политиканството е посилно од конструктивноста и интересот на граѓаните, тогаш сигурно се работи за Левица.

Левица денес во Советот на град Скопје не гласаше за новиот ребаланс на буџет со кој се инвестира во нови паркови, булевари, улици и мерки за почист воздух.

Скопјани треба да знаат дека со новиот ребаланс се предвидува, а Левица не гласаше и не поддржа:

-Изградба на парк Христијан Тодоровски Карпош

-Изградба на парк Лепенец

-Започнување со изградба на 50 мини паркови

-Реконструкција на улица Фрањо Клуз

-Кружен тек во Ѓорче Петров

-3та лента на Булевар Александар Македонски

-Булевар Хрватска

-Булевар Асном

-Клучката кај Момин Поток

Покрај овие проекти се обезбедуваат и средства за изработка на проекти за повеќе улици меѓу кои се Шарпланинска, Бутелска, Радишанска, Кружен тек кај Тобако 2 и други.

Блокадите и кочењата се одлика на Левица. Тие треба да објаснат зошто работат на штета на Скопјани.