-Командирот на полициската станица во Прилеп кој беше фатен во акција на американската ДЕА е пуштен од притвор и однесен во домашен притвор, а тој беше дел од трговија со дрога со шоферот на Заеви. Градоначалници на СДСМ, како Боро Марлборо беа фаќани во шверц, а потоа беа ослободувани. На Оливер Спасовски му пропадна цела акција како „Планина“. Вице Заев го снемува од обвинение, а никој за тоа не сноси последици, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека власта е буквално недопрена.

-Криминалци работат за СДСМ, а Заев исплашен од огромен пораз активира криминалци за да го намали поразот. Народ не може да истера правда, а за мафијата закон не важи. Време е да се стави крај на криминалот, време е за одговорност, посочуваат од партијата.