„Борбата против криминалот, корупцијата и таквите појави мора постојано да се води, постојано да се работи и тука мора да бидеме сите заедно, граѓанското општество, медиумите, бидејќи имате корупција во напредните земји, но организацијата и мобилизацијата се многу повисоки отколку во нашата земја. Во постојана комуникација се медиумите, граѓанското општество и против сѐ што е лошо, сѐ што е грдо заедно мора да се бориме, одговорноста не треба да им се препушти само на властите“, изјави Ахмети.